Струга, 12. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против две лица од струшкото село ливада, на возраст од 41 и 48 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
– Тие, на катастарска парцела во Струга, без одобрение од надлежен државен орган, започнале изградба на станбен објект за домување, а по извршен инспекциски надзор, било донесено решение за прекин на градбата, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 69