Тајпеј, 05. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Бројот на жртвите од авионската несреќа во Тајван достигна 31, а други 12 лица се уште не се пронајдени, пренесе ББС.
Авион на тајванската авиокомпанија „Транс Ејша ервејз“ се урна откако закачи патна естакада при полетување и паднал во река во околината на главниот град Тајпеј. Се тврди дека со едното крило леталото закачило во такси возило, при што патниците во автомобилот се повредени.
Во текот на ноќта со помош на кран спасувачите извадија од водата на реката делови од трупот на авионот. Таму беа пронајдени телата на двајцата пилоти и патниот инженер.
Анализата на видеозаписот од падот на авионот покажа дека левиот мотор на авионот во моемнтот на несреќата не работел. (Крај)
извор: BBC фото: BBC
Прочитано: 31