Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Тим на Општина Охрид на работилница во Турција за развивање на иницијалните проекти на тимови од Македонија и Турција

Охрид, 12. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Тим на Општина Охрид под менторство на м-р Ива Николоска во состав Наташа Неданоска, Елена Арсовска- Манчевска, Ана Топенчарова- Коваческа, Сања Бачевски и Каролина Буџакоска присуствуваше на неколкудневна работилница во Кушадаси, Турција каде учесниците работат на развивање на иницијалните проекти презентирани од страна на проектните тимови од Македонија и Турција.

Менторот Николоска одржа предавање на тема, „Искуства при креирање и имплементација на CIPPS проект“, а општинскиот тим го презентира својот проект SEEDS (Student Engaging in Environmental Dedication and Stewardship).

– Проектните активности веќе се започнати и дваесетина автохтони растенија (билки) кои се типични за планината Галичица се веќе дел од едукативната патека (мини арбуретум) согласно временската рамка на проектот. Понатака следи обележување на истите, со нивните народни и латински имиња, и дополнување за време на пролетните месеци и со други видови. Планирано е да бидат организирани повеќе работилници кои ќе се одржат во соработка со стручните тимови од Националниот Парк во зелени и забавни едукативни училници во кои ќе бидат опфатени ученици од општинските училишта, како и членовите од клубот за стари лица при ОО Црвен крст Охрид, информираат од Општина Охрид.

Гостувањето во Турција следи по успешната соработка од минатата година за Програмата CIPSS 2023-2024. Ко-дизајн за одржливи, еластични и инклузивни јавни простори и услуги од универзитетот „Лунд“ од Шведска. Довербата за креирање и имплементација на Change project, ја додели на општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука