Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Лице од Трпејца вмешано во трговија со дрога, приведено во Струмица со две ќесиња кокаин

Струмица/Охрид, 16. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 30-годишно лице од охридското село Трпејца и 39-годишно лице од Радовиш, поради постоење на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, по член 215 од Кривичниот закон.

– На 15-ти јануари 2024 година, во 23:50 часот во дворно место на хотел во Струмица од страна на полициски службеници од СВР Струмица бил извршен преглед над осомничените, при што кај лицето од Охрид биле пронајдени две, а кај лицето од Радовиш едно ќесе со кокаин. Лицата биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш, постапувајќи по судска наредба, извршиле претрес во домот во кој престојувал охриѓанецот во Радовиш, при што била пронајдена дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја. Лицата се изведени пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука