Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Во петок крводарителска акција „Водици 2024“

Охрид, 17. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, во петок, на 19-ти јануари 2024 година, во периодот од 09:00 до 15:00 часот, под мотото „Една капка може да промени се’“, ќе се одржи традиционалната крводарителска акција „Водици 2024“.

– Ги покануваме нашите сограѓани и гости да ја покажат својата хуманост дарувајќи крв, порачуваат организаторите, кои со поддршка на Дебарско-Кичевската епархија ќе им возвратат со должно внимание и скромни подароци. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука