Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид продолжува 12. Меѓународна научна конференција „Охрид-Водици 2024“

Охрид, 18. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На дванаесеттата Меѓународна научна конференција „Охрид-Водици 2024“, преку 40 трудови од 11 земји во светот, се промовира „меката моќ“ што ја нуди развојот на животната средина, туризмот и негувањето и промоцијата на културното наследство кое ги зближува народите. По Битола, денеска конференцијата продолжува во Охрид.

– Ако актуелните воени дејствија во светот ни ја доловуваат „тешката моќ“, ние на оваа Меѓународна научна конференција ја промовираме „меката моќ“. Онаа која дава развој и прогрес ги решава виталните проблеми на луѓето, но и го поттикнува развојот на туризмот и богатото културно наследство на земјите. Неслучајно беше прифатено и од странските колеги дискусијата на оваа тема да започне од Битола, велат организаторите.

Конференцијата ќе понуди 40-на научни трудови од 11 земји. Професорот од атинскиот универзитет, со својот научен труд ги поткрепа тезите дека „меката моќ“ е таа која ги зближува народите.

Во рамките на манифестацијата ќе биде промовирана и 11-та книга од досегашните конференции.(Крај)

извор: mrt.com.mk фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука