Избор Култура Празници Струга ТОП ВЕСТИ

Празникот Богојавление Водици ќе се одбележи и во Струга, Digitalin Livestream ќе врши пренос во живо

Струга, 17. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Празникот Богојавление Водици ќе се одбележи и во соседна Струга, а од Digitalin Livestream најавуваат дека ќе вршат пренос во живо од комплетната манифестација.

– Уште сосема малку време остана до нашиот втор стрим од празникот Водици во Струга. Подготовките се во тек, се надеваме на убаво време за да може да го подобриме квалитетот од минатата година. Годинава ќе се вклучиме во живо од 09:00 часот во храмот „Св. Ѓорѓија“ во Струга, информираат од Digitalin Livestream.

OhridPress е медиумски поддржувач на настанот и комплетниот пренос ќе можете да го следите на нашиот портал во петок на 19-ти јануари 2024 година со почеток во 08:50 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука