Охрид, 18. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Facebook групата Охрид слики од минатото, објавена е прекрасна фотографија од Охрид од стара повеќе од 60 години, која ни открива како се одбележувале Богојавленските денови пред многу години.
– Св. Јован и Денот на рибарите кон крајот на шеесеттите години. Во бело е Даркана, десно во втор ред дедо ми Коста со шубара, а до него татко ми Борис со бел шал. Лево од Даркана се Завојче, Бучко, Касапон, Чочег. Најгоре од младиве Пендик и другиве вервам ќе ги препознаете и вие. За многу години, напиша во објавата членот Марјан Влакески, кој ја сподели фотографијата со јавноста.
На фотографијата се гледаат прекрасни куќи со карактеристична архитектура во старата охридска чаршија и раззеленетиот Чинар и џамијата во центарот на градот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Охрид, слики од минатото/Марјан Влакески