Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

„Конде Наст“: Задолжително да се посети Охрид на крајбрежјето на неверојатно убавото и биолошки разновидно езеро

Охрид, 19. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Луксузното списание за патувања „Конде Наст“, кое постои од 1986 година, објави листа со најевтини дестинации кои вреди да се посетат во 2024 година. Меѓу нив се најдоа и четири регионални држави – Република Македонија, Албанија, Србија и Унгарија.

Во статијата за Република Македонија се истакнува дека во земјата нема многу криминал, а се советува задолжителна посета на Охрид.

– Во Охрид има улици со калдрма и необични цркви, нешто што се очекува од еден европски град, со дополнителна предност што се наоѓа на крајбрежјето на неверојатно убавото и биолошки разновидното Охридско Езеро, пишуваат тие. (Крај)

извор: Слободен печат фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука