јануари 19, 2024

Охрид, 19. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Светиот крст годинава заврши во рацете на Никола Јакимоски од Охрид, кој излезе со него од водите на Охридското Езеро.

Тој беше најсреќен меѓу стотиците капачи кои денес влегоа во ладните езерски води. Посака здравје, среќа и бериќет во текот на целата година.

– Скокам по крстот од својата 15-та година и како сите имав желба да го фатам. Оваа година среќата ме посака мене. Секогаш е тешко да се влезе во студените води, ама желбата е поголема од тешкотиите. Посакувам здравје, среќа, љубов, свадби, дечиња, напредок на сите полиња, рече 29-годишниот Јакимоски.

Голем број православни верници го посетија Охрид и присуствуваа на манифестацијата на осветувањето на водите на Охридското Езеро.

Верниците наполнаа и осветена вода, која ја понесоа во своите домови, за здравје и како чувар од секакви искушенија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Охрид 24/ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука