Скопје/Охрид, 20. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија.
Поради интензивни снежни врнежи од 08:45 часот на патниот правец А2 Струга-граничен премин „Ќафасан“ се воведува забрана за тешки товарни возила. Патот од Гостивар кон Стража (Кичево) и Маврово (кон Дебар) е затворен за товарни моторни возила. Поради интензивни снежни врнежи на планинскиот превој Стража и во Маврово од 04:00 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила. На патниот правец Тетово–Ппопова Шапка од 05:00 часот се воведува забрана за сообраќај за автобуси, додека за другите возила е задолжителна зимска опрема (синџири).
Од АМСМ потсетуваат на обврската за носење зимска опрема која е на сила од 15-ти ноември 2023 година. Истата предвидува задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2024 година. (Крај)
извор: АМСМ фото: ОхридПрес