Струга, 21. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На Facebook страницата Restauracije starih fotografija i videa е објавена ретка фотографија од Св. Наум за која е наведено дека датира од далечната 1869 година.
– Манастирот „Св. Наум“ на Охридското Езеро во Македонија во 1869 година. Реставрирал Slađan G, стои во објавата.
Прекрасната фотографија е вистинска „временска машина“ и не враќа во едно посиромашно, но многу поедноставно и убаво време. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Restauracije starih fotografija i videa
Прочитано: 71