Охрид, 22. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве е актуелна една несреќна изјава од страна на министерката за култура, дека изградбата катната гаража во Охрид не била од јавен интерес и затоа е блокирано односно нема приоритет кај нив како министерство, порача градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.
– За нештата да бидат појасни, година и пол не малтретираат и мене како градоначалник и граѓаните на Охрид, со милион забелешки, препораки и измени. Иако по сите тие е постапено, упорно не добиваме позитивно мислење од култура, за на крај како што јавно кажав од министерство во стручниот тим да викаат „што си замислуваат тие ќе правеле катна гаража“. Во прилог имате закон за експропријација, член 7, каде јасно е напишано што е јавен интерес од локално значење и тука е напишана засебно катна гаража. Тотална неписменост и непознавање на законите, не само општо, туку и за сопствените ингеренции и надлежности, потенцира Пецаков.
Тој додава дека непознавањето на законите и постапувањето спротивно од законите со кочење на една од најбитните проекти за Охрид како град си носи и одговорност сама по себе за непостапување и ви ветувам не ја оставам оваа работа така како шо мислите.
– За жал само докажувате дека далеку сте од менаџирање и водење на една држава, а и најголем срам сте што некогаш ја водел државава. Ви се ближи крајот, стои во пораката на Пецаков. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива