Охрид, 25. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Поради болест на лице вклучено во претставата, од Охридскиот Народен театар информираат дека е одложена изведбата на комедијата „Несфатената цивилизација“, во режија на Софија Ристевска Петрушева, која беше закажана за сабота, 27-ми јануари 2024 година.
– Станува збор за претстава за припадноста, честа, етиката и моралот. Претстава за културолошкиот и социолошки идентитет на човекот. Претстава за глобализацијата и традицијата, како и за ефектите од нив врз целокупното општествено живеење. Комедија, што преминува во гротеска и иронија, која прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест, информираат од Народен Театар Охрид.
Во претставаат играат актерите: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Павел Маслов, Стрезо Стаматовски, Ивица Цонев и Филип Кипровски.
– За точниот термин на оддржување на претставата дополнително ќе бидете информирани, картите ќе важат или истите може да ги замените на билетара, информираат од Охридскиот Народен театар. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива