Охрид, 23. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Една од најголемите поп ѕвезди на новата генерација Ariana Grande, по пауза од 4 години и албумот „Positions“ од 2020 година се врати на музичката сцена со синглот „Yes, and?“, на кој работеше со долгогодишните соработници Max Martin и Ilya Salmanzadeh.
– Ви благодарам за огромната љубов што ми ја давате. Моето срце е полно со среќа и многу сум трогната. Многу ве сакам сите, порача музичарката на Instagram.
Песната веќе доби позитивни критики од музичките експерти, како и милиони слушања на радио станиците и најпопуларните стриминг сервиси.
Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива