Охрид, 24. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува серијалот на кршење, непознавање и непочитување на законите, потенцира градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, кој посочува на грешка во огласот кој е објавен од страна на Министерството за култура и министерката Бисера Костадиноска- Стојчевска за вработување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид.
– Радувањата на Радован (лудориите на Бисера). Оглас актуелен, отворен за вработување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид преку агенција за администрација каде јасно е напишано, врз основа на план за вработување на институцијата за 2023 година. Значи не за 2024 година, туку за изминатата година. Продолжува серијалот на кршење и непочитување, а богами и непознавање на законите. Одговорност ќе има, крајот ви се ближи, порачува Пецаков.
извор: ОхридПрес фото: архива