ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Костадиновска Стојчевска за задржувањето на статусот на УНЕСКО на Охридскиот регион вели дека не може да ја заврши целата работа сама: Потребна е поголема соработка со локалната власт

Скопје/Охрид, 24. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска посочи дека заедно со директорот на Управата за заштита на културното наследство ќе продолжат да работат во насока на задржување на статусот, но и на унапредување на добрата што ги имаме, за да имаме што е можно повеќе добра впишани на листата на УНЕСКО, но како што рече, потребна е поголема соработка со локалната власт.

На денешниот панел што се одржува во рамки на конференцијата „Година на европски можности“ во Скопје, говорејќи за соработката со локалната власт во однос на заштитата на Охридскиот регион, таа посочи дека истата претставува голем предизвик.

Напомена дека не може да ја заврши целата работа сама, потребна е многу голема соработка и многу големо разбирање.

– Соработката со локалната власт е секогаш предизвик. Додека ние реагиравме како Комисија на неколку одлуки на двете најзасегнати општини Охрид и Струга, тие како да останаа глуви на нашите барања да не донесуваат одлуки на ниво на Совет, кои што се штетни и се косат со начелата на УНЕСКО. Не треба да се менува одреден статус на одредени објекти на ниво на општина, само за нешто што не е во интерес на Општината и на државата, рече Костадиновска- Стојчевска. (Крај)

извор: МИА фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука