Охрид, 24. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Екипите на ЈП „Водовод“ од Охрид го санираа дефектот на булевар „Туристичка“, по што е нормализирано водоснабдувањето во Охрид.
– Со макотрпна работа, по повеќе од 15 часа, екипите на ЈП „Водовод“ Охрид целосно ја завршија санацијата на големиот дефект на булевар „Туристичка“ и со тоа водоснабдувањето се нормализира. Исто така од ЦЈЗ информираа дека водата е во граници на законски пропишаните вредности и може да се користи за пиење, информира градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 28