Забава Избор

Владимир Четкар во САД снима нов материјал со неговиот Охрид како една од главните теми

Охрид, 25. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот охридски гитарист Владимир Василески- Четкар, по концертите во Јужна Кореја, Македонија и Унгарија, замина на турнеја во САД каде се најавени концерти во Њујорк, Кливленд, Чикаго, Колумбус, Сан Франциско и Детроит.

Тој повторно се претставува со авторска музика, а е придружуван од американски, јапонски и мексикански музичари.

 

Овај дел од ‘ ОХРИД’ со посебен мерак го снимам!
Another great da in the studio!!! ❤️

“Како Кадмо и ти Хармониа,
со копнеж нурнати во исконот,
вечно ти ќе сјаеш за сите нас,
дар од Господа”

Posted by Vladimir Cetkar II on Monday, January 8, 2024

Според најавите на неговите профили на социјалните мрежи, Четкар работи и на нов материјал, во кој повторно една од главните теми е неговиот омилен Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука