Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

EcoWash: Изгледајте совршено за Денот на вљубените, итно отстранување на дамки од вашето омилено парче облека

Охрид, 25. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на Денот на вљубените, од EcoWash хемиско чистење потсетуваат дека е нужен беспрекорен изглед. Нудат решение во последен момент доколку вашето омилено парче облека се’ уште има дамка од вино од последната забава…

– Нудиме итно отстранување на дамки со експресно чистење. Вашата омилена облека ќе биде беспрекорна и подготвена за незаборавна прослава на Денот на вљубените и сите останати моменти вредни за паметење. Погрижете се ништо да не го попречи уживањето во романтична и беспрекорна прослава, потенцираат од EcoWash хемиско чистење од Охрид.

Лоцирани се на булевар „Туристичка“, локал 1, наспроти Градскиот пазар, кај автобуската постојка за Струга. Телефон за дополнителни информации 076/484-466.

За деновите околу Денот на вљубените најавуваат и посебно изненадување и награди. (Крај)

извор: Охридпрес фото/видео: Be1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука