Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Две жени од прилепско фатени на дело при кражба во трговски објект во Струга

Струга, 26. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 25-ти јануари 2024 година, во 14:30 часот во Струга, полициски службеници од СВР Охрид привеле две жени од прилепските села Долнени и Дебреште на возаст од 40 и 47 години.

– Тие биле затекнати при вршење кражба во трговски објект на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука