Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Реконструирана кујната во централниот објект на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“

Охрид, 26. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на развојната програма за капитални инвестиции на Општина Охрид во во областа на детска заштита (ВА) во текот на 2023 година се изврши комплетна реконструкција на кујната во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ Охрид – објект централна.

Тука се приготвува храната за сите објекти од детската градинка, а потоа се дистрибуира до нив и години наназад неопходна беше нејзината реконструкција.

– За таа цел реконструирана е електричната и водоводната мрежа, презвземени се градежни зафати за комплетно уредување на просторот во кујната, набавен е нов аспиратор и современ систем за вентилација, појачана е и моќноста на електричната мрежа во целиот објект со што се исполнети сите неоходни стандарди кои треба да ги задоволува кујната во детската градинка, информираат од Општина Охрид.

Заедничката инвестиција во овој проект на Општина Охрид и ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ изнесуваше околу 3.300.000 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука