ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Кај Стража лоцирана нова рисица, Луна е тешка 18 килограми и е во одлична здравствена состојба

Кичево, 26. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Минатата ноќ тимот лоцираше нова рисица, и тоа во кафез-замката која беше направена минатата недела, а поставена пред само три дена, информираат од Македонското еколошко друштво (МЕД).

– Рисицата Луна пред само неколку часови беше лоцирана на планината Буковиќ, во близина на Стража. Тешка е 18 килограми и е во одлична здравствена состојба. Откако беа направени потребните прегледи и ѝ беше поставен околувратник преку кој ќе го следиме нејзиното движење, таа беше пуштена на слобода, потенцираат од МЕД. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: МЕД

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука