Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со повремени сончеви периоди и температура до 10. степени

Охрид, 27. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен северен ветер.

Максималната температура ќе се искачи до 10. степени.

– Денес и утре времето ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд, а на планините и на некои од повисоките места слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Од понеделник ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука