Охрид/Струга, 27. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Лина Луканова и Ихдина Речи од ЖФК „Ас Јунајтед“ од Струга ќе бидат дел од младата женска селекција на Република Македонија до 17 година кои ќе одиграат два контролни натпревари против соодветната женска репрезентација на Црна Гора во Тиват.
Контролните средби против репрезентацијата на Црна Гора ќе се играат на 28 и 29 јануари.
Предводникот на младата женска репрезентација на Македонија, Катерина Милеска, за претстојните предизвици ги повика следните фудбалерки:
Голмани:
Миа Петровска – Бохум, Германија
Ведрана Комненова – Скопје
Евгенија Вељановска – Скопје
Одбрана:
Мила Панева – Скопје
Андреа Коловска – Љуботен
Михаела Додевска – Скопје
Ихдина Речи – Ас Јунајтед
Ангела Димчова – Тиверија
Кристина Крстева – Скопје
Васка Василева – Тиверија
Среден ред:
Лина Луканова – Ас Јунајтед
Никица Трендова – Скопје
Теона Галабовска – Тиверија
Елена Симјонова – Љуботен
Канита Емини – Скопје
Ева Величковска – Љуботен
Јована Каралиоска – Цевитана
Напад:
Настасја Накова – Скопје
Розита Пецева – Тиверија
Калина Попески – Црвена Звезда, Србија
Репрезентацијата предводена од селекторот Катерина Милеска ги започна подготовките за претстојните два контролни натпревари против селекцијата на Црна Гора. (Крај)
извор: ФФМ фото: ФФМ