Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Советниците ја одржаа 37. седница, усвоени повеќе одлуки, меѓу кои и програмата за контрола на популацијата на бездомните кучиња

Охрид, 30. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Без поголеми расправи и дискусии, градските советници денес ја одржаа 37. седница на општинскиот совет.

На Дневен ред беа десет точки, кои се однесуваа на работата на Јавните претпријатија „Водовод“ и „Нискоградба“, неколку беа од сферата на урбанизмот, а се усвои и програма за контрола на популацијата на бездомните кучиња.

Како дополнителна точка советниците ја усвоиија одлуката за утврдување на приоритет на: „Проектот за намалување на загуби на вода со намена и инсталација на мерни инструменти за далечинско отчитување на комплет со инсталација и конфигурација на опрема за отчитување во Општина Охрид“. Со овој проект се очекува значително подобрување на водената инфраструктура во општината. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука