Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Во близина на Граничниот премин „Ќафасан“ приведено лице од Албанија без документи за идентификација

Струга, 30. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 29-ти јануари 2024 година, околу 12:30 часот во близина на Граничниот премин „Ќафасан“, при обид за илегален излез од државата, кај местото викано „Борови“, полициски службеници лишиле од слобода 19-годишно лице од Република Албанија поради тоа што не поседувал документ за идентификација.

– Тој бил задржан во Полициска станица за граничен надзор Франгово за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука