Охрид, 31. јануари 2024 (ОХИРДПРЕС) – Во просториите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид, денеска ќе се одржи работна средба на тема „Учи паметно, работи стручно“.
Компаниите ќе споделуваат мислења како дел од овој социјалниот дијалог за тоа какви профили на кадар, односно вработени со какви знаења и вештини им се потребни на компаниите, дали би примиле ученици на практична настава (од кои струки/профили), кои се евентуалните пречки со кои се соочуваат во врска со спроведувањето на практичната настава и предлози како истите да се надминат и каква е соработката со училиштата и кои се можни начини за унапредување.
Пред присутните, покрај другите ќе се обратат и заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиновски, како и директорите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и ДСУ РЦСОО „Ванчо Питошески“, Сашо Недески, Ристе Јанкоски и Марјан Радески.
– Општина Охрид и локалната самоуправа, активно работи на подобрување на средното стручно образование, со единствена цел да креира квалификуван и стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на трудот, но и да ја зголеми можноста за вработување на младите. Компаниите и нивните потреби од стручен кадар ќе имаат најважна улога при дизајнирање на наставните програми. Со цел да се идентификуваат истите, се повикуваат компаниите да земат активна улога во целиот процес преку давање на предлози, сугестии и мислења како да се унапреди системот на средно стручно образование, и кои наставни профили да се отворат во училиштата кои се во областите каде што компаниите делуваат, информираат организаторите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес