Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Струга ТОП ВЕСТИ

Кај „Ќафасан“ ќе се гради тунел од 5,8 километри за подобра патна комуникација на Република Македонија со Албанија

Тирана, 31. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми во Тирана оствари средба со директорот на Патната управа на Република Албанија, Евис Бербери.

Средбата беше фокусирана врз активностите поврзани со Коридорот 8 и на делот за изградба на планираниот тунел кај „Ќафасан“ кој ќе ги поврзува двете земји – Република Македонија и Република Албанија.

– На состанокот беа разгледувани детали околу усогласување на договор за изградба на тунелот. Инаку, тунелот треба да биде со вкупна должина од 5,8 километри и ќе ја скрати и олесни патната комуникација од двете страни на границата. Директорот Рустеми уште еднаш ја потврди посветеноста за заокружување на коридорската мрежа во нашата земја со изградбата на патните Коридори 8 и 10д, како проекти од најголемо инфраструктурно значење, со огромни придобивки во поврзувањето со Регионот и со европските земји, со отворени можности за поконкурентна економија и стопански развој, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Јавно претпријатие за државни патишта

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука