Избор Култура ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

ООУ „Григор Прличев“ ќе го одбележи патрониот празник

Охрид, 1. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со бројни активности, ООУ „Григор Прличев“ од Охрид ќе го одбележи својот патронен празник.

Во вторник, на 6-ти февруари 2024 година, со почеток во 10:00 часот ќе биде положен ловоров венец на бистата на Прличев во училишниот двор. Во кабинетот за техничко образование, од 10:30 часот ќе се одржи Прличева визита.

Предвидена е и пригодна свеченост во рамките на која во Центарот за култура „Григор Прличев“ од 18:15 часот ќе биде отворена ликовна изложба, под менторство на Ристе Пуцоски, а ќе бидат доделени и наградите од литературниот и ликовниот конкурс.

Од 19:00 часот ќе започне свечената приредба кога ќе се обрати и директорката Лилјана Ефтимовска, по што ќе следува и соодветна програма. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука