Охрид, 3. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Се навршија полни 500 дена во кои Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина.
– Изминативе 500 дена објавивме 500 фотографии од нашиот преубав Охрид. Станува збор за повеќе локации во централното градско подрачје, кое и најчесто е посетувано од туристите. Идејата е да им понудиме „дневна доза“ на сите на кои им недостасува Охрид, без оглед на тоа дали потекнуваат од градот и живеат или работат на други места во земјата и светот, или едноставно им е паднат „Ohridinot“ во крвта, потенцираат од „Охрид најубав“.
Додаваат дека фотографиите се без непотребни коментари и ретуширања и дека идејата е да се долови оној едноставен и секогаш преубав Охрид, во целата негова убавина. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav