Струга/Охрид, 3. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 3-ти февруари 2024 година, околу 02:40 часот во ОВР Струга било пријавено дека на улицата „Партизанска“ во Струга, патничко возило марка „Фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 28-годишно лице од Охрид, излетало од коловозот.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 64