Охрид/Струга, 3. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 2-ри и 3-ти февруари 2024 година, во периодот од 22:00 до 04:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид, реализирани се засилени сообраќајни контроли.
– Притоа, полициските службеници затекнале 10 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол од кои 6 во Охрид, 3 во Струга и 1 во Кичево. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 27