Охрид, 3. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС)- Полицискиот Билтен носи информации за бурно деноноќие во регионот на Охрид, пронајдена марихуана, физички нападнати две лица.
На 2-ри февруари 2024 година, при претрес извршен по судска наредба во домот на 30-годишно лице од Охрид, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 3-ти февруари 2024 година, во 02:45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во угостителски објект во Охрид, лица физички нападнале 17-годишен охриѓанец. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 3-ти февруари 2024 година, во 04:30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека лице од Охрид, во својот автомобил физички нападнал стружанка. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес