ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

Каков воздух дишеа охриѓани и стружани утрово (Фото)

Охрид/Струга, 4. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Фотографија направена од читател на OhridPress кај „Канео“, покажува каков воздух дишеа охриѓани и стружани утрово.

– Првата слика е од Охрид, по кејот и патеката, каде што најмногу пешачиме, а другата е кон Струга, вели во дописот Неат Алим Шогун, кој ги достави фотографиите до редакцијата.

Податоците од извршените континуирани мерења на квалитетот на амбиентниот воздух од Државниот Автоматски Мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКАВ) кои пристигнуваат во Македонскиот информативен центар за животна средина при МЖСПП, деновиве во неколку наврати покажаа високо загадување на воздухот во Охрид.

Според истиот извор, утрово во 10:00 часот во Охрид се измерени PM10 90.051 mg/m3. Според надлежните, во случај на надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10, (2 последователни дена со среднодневни концентрации над 100 mg/m3), се применуваат посебни препораки.

Состојбата со квалитетот на воздухот според Државниот Автоматски Мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух може да се следи ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Неат Алим Шогун/ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука