Струга, 4. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 3-ти февруари 2024 година, во 16:15 часот во полициското одделение во струшкото село Велешта, пријавено е дека во својот дом во струшкото село Октиси, било пронајдено починато 66-годишно лице од истото село.
– Увид извршија јавен обвинител и полициски екипи, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на јавен обвинител врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 35