Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

III Рапид турнир во шах „Езерски бисер 2024“

Охрид, 4. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со учество на 81 шахист од Република Македонија, во спортската сала при ООУ „Братство Единство“ во Охрид денеска се одржа III Рапид турнир во шах „Езерски бисер 2024“.

На пристуните им се обрати Наум Јамандиев, советник во Советот на Општина Охрид, а турнирот се играше по Швајцарски систем во 9 кола.

Наградени шахисти:

1 место Дејан Ѓоргиески, ШК „Пелагон“ Прилеп,
2 место Марјан Дамчески, ШК „Пелагон“ Прилеп,
3 место Кире Николоски, ШК „Прилеп“ Прилеп,
4 место Велкоски Стојан, ШК „Алкалоид“ Скопје и
5 место Ахмет Салмани, ШК „Гостивар“ Гостивар.

– Најдобро пласиран младинец до 18 години беше Кирил Николовски од ШК „Алкалоид“ од Скопје, најдобро пласиран младинец до 14 години Димитар Симоновски ШК „Шах шех“ од Битола и најдобро пласирана шахистка Ивана Велкоска од ШК „Алкалоид“ од Скопје, информираат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука