Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и натпросечно топло време со умерена облачност и температура до 13. степени

Охрид, 5. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и натпросечно топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен западен ветер.

Максималната температура ќе се искачи до 13. степени.

– Во следните денови ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на магла по одделни котлини. Температурите ќе бидат во пораст и над просекот за овој период од годината, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука