Охрид, 5. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Еден млад господин од Охрид имаше посебна кованица и муабет за вакви случаи, која совршено ја опишува оваа состојба на умот.
– Тоа ти е пријателе „срамизам“… Тие се глупираат, тебе ти е незгодно и те фаќа срам, знаеше да каже.
Денешниот „срамизам“ сведочи за уште еден, којзнае кој по ред, пример за фрлање на пластични ќеси и хартија во езерото.
– Охридски „медузи“, се шегуваа охриѓани утрово.
Колку што го чуваме, толку ќе го имаме. А, без него сме…
Е па пријатели… Срамизам… (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 98