Скопје, 5. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во Паркот на книгите во Скопје утре ќе биде претставена книгата – избор поезија „Ткаења“ на Славе Ѓорѓо – Димовски.
За поетскиот избор, со кој се одбележуваат два јубилеи, 55 години од раѓањето на авторот и 35 години од објавувањето на првата поетска книга ќе говори претседателот на Друштвото на писателите, Веле Смилевски.
Дружењето се организира во рамките на Саемот на книгата „Книга во секој дом“ на кникоиздавателството „Матица“ и ќе започне во 19:00 часот. (Крај)
извор: +инфо фото: архива
Прочитано: 40