Охрид/Издеглавје, 5. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти февруари 2024 година, во 14:40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во месноста „Издеглавско блато“, во атарот на селото Издеглавје, Општина Дебрца, се случил пожар на земјоделска површина со трска и нискостеблеста вегетација, во државна сопственост.
– Повредени лица, нема а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 45