Струга, 5. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 25-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.
– На 19-ти декември 2023 година, пријавениот лажно пријавил дека во фирмата каде што бил вработен од паркирано патничко моторно возило марка „Опел“, сопственост на фирмата, била одземена чанта со пари, но всушност тој ги одзел парите и нанел штета на фирмата од 593.625 денари, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 52