Избор Локална самоуправа

Утре ќе се прогласат „Најдобрите од спортот во Општина Охрид“ за 2023 година

Охрид, 6. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Општина Охрид, утре, среда, 7-ми февруари 2024 година ќе се одржи манифестацијата „Најдобрите од спортот во Општина Охрид“ за 2023 година.

Наградите и признанијата за најуспешните спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа во Охрид, се доделуваат за постигнати резултати во индивидуален и во клубски спорт во тековната година, на спортистки, спортисти и тренери кои настапуваат за спортски клубови, чиешто седиште е во Охрид.

Манифестацијата ќе се одржи во Големата сала на Општина Охрид со почеток во 19:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука