Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и натпросечно топло време со умерена облачност и температура до 13. степени

Охрид, 7. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и натпросечно топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен западен ветер.

Максималната температура ќе се искачи до 13. степени.

– До сабота ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината. Од недела под влијание на влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд и благо опаѓање на температурата, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука