Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Два случаи на физичко насилство во домот, приведени две лица од Охрид

Охрид, 7. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Полицискиот Билтен носи информации за два случаи на физичко насилство во домот во текот на вчерашниот ден, при што се приведени две лица од Охрид.

Во првиот случај, на 6-ти февруари 2024 година, полициски службеници од СВР Охрид, приведоа 54-годишен охриѓанец, постапувајќи по претходна пријава дека во својот дом физички ја нападнал неговата сопруга. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во друг случај, на 6-ти февруари 2024 година, во 20:50 часот, во СВР Охрид лишено е од слобода 34-годишно лице од Охрид кое, во семејниот дом во Охрид агресивно се однесувало кон членови на семејството, а потоа и кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука