Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Врвниот македонски бренд за женска долна облека Ella Underwear од денеска во Охрид, во бутик „Анел“ (Фото/Видео)

Охрид, 7. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Врвниот македонски бренд за производство и продажба на квалитетна женска долна облека Ella Underwear пристигна во Охрид.

Купете го кај главниот застапник за Охрид – бутик „Анел“ на булевар „Македонски Просветители“, наспроти Основниот суд.

– За да чекориш по патот на успехот, многу често треба да бараш инспирација. Ние нашата ја пронајдовме уште во 2005 година во моделите на „Анел“ и токму затоа го прифативме предизвикот да Ви ги нудиме Вам, наши верни потрошувачи. Но, нашата потрага по инспирација не застана тука, уште еднаш бевме инспирирани од префинетоста и елегантноста на Ella Underwear и одлучивме истите да ги доближиме да Вас. Тајната на заедничкиот успех е во тоа што не го работиме тоа што го сакаме, туку го сакаме тоа што го работиме, порачуваат од „Анел“.

Нудат градници, килоти, маици, корсети, пижами, костими за капење и хулахопки.

– Квалитетна, удобна женска долна облека за сите дами од специјализиран македонски бренд Ella Underwear. Уште и со достава во целата држава. Денеска, среда, 7-ми февруари 2024 година, искористете го и попустот од 10%, информираат од бутик „Анел“.

Повеќе информации на телефонот 078/273-920 или на нивните профили на Facebook и Instagram.

Фото и видео материјалите се дело на Be1 Digital Marketing, компанијата која нуди комплетни маркетинг решенија за поголеми и помали компании. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Be1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука