Струга, 7. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга поднесе кривична пријава против две лица од Струга на возраст од 23 и 24 години, со место на живеење во Австрија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.
– На 18-ти јули 2023 година, во населбата „Езерски лозја“, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, во кое биле лицата, при што кај првопријавениот бил пронајдени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 44