Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Утре ќе бидaт одбележани 80 години од смртта на Кирил Прличев

Охрид, 8. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со пригодна свеченост утре ќе биде одбележана 80 годишнината од смртта на Кирил Григоров Прличев, син на Григор Ставрев Прличев и Анастасија Узунова.

Програмата ќе започне во 11:00 часот со историски час за ликот и делото на Кирил Прличев, а ќе говори м-р Михаил Патчев, професор по историја. Ќе следи културно – уметничка програма, како и едукативен час – Разгледување на изложбата: „Лица на револуцијата“ од Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски од страна на учениците од општинските основни и средни училишта.

Свеченостите за одбележување на годишнината ќе се одржат во Спомен куќата на Христо Узунов. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука