Избор Локална самоуправа

Се асфалтираат краци од улици во охридското село Лескоец

Охрид, 8. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат активностите за асфалтирање на улици на териорија на Општина Охрид.

– Денеска, во рамки на програмата за асфалтирање на пристапни улици и патишта во рурални средини, се врши асфалтирање на краци од улици во село Лескоец, информираат од Општина Охрид.

Асфалтирани се вкупно 280 метри со просечна ширина од околу 4 метри. Зафатите ги изведува АД „Илинден“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука