Охрид, 9. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори “.
– При контрола на патнички автомобил што тој го управувал, извршена во близина на кичевското село Колари, како и при претрес во неговиот дом во Охрид, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и хашиш, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 203